Активист од “Петоци за иднината” кој беше приведен: На нашиот ненасилен активизам одговорија со демонстрација на моќ!

0
117

Поради вчерашната герила акција на активисти од “Петоци за иднината” петмина младински активисти завршија во полициска станица. Тие со црвена боја оставија отпечатоци на влезот од Министерството за животна средина, оставајќи и порака ‘крвта на нашите деца’. Но, нивниот протест набрзо беше прекинат од обезбедувањето, а беа однесени и во полициска станица.

-Во моментот додека ги остававме отпечатоците на прозорците, а не на ѕидовите, со цел да не предизвикаме потешкотии при нивно отстранување и било каква материјална штета, дотрчаа припадници на обезбедувањето на министерството и почнаа да не влечат кон зградата. Ние не пруживме никаков отпор, затоа што нашиот основен кодекс е на ненасилно и достоинствено однесување, иако имавме право на ова, затоа што обезбедувањето не смее да си дозволи да лишува луѓе од слобода кои очигледно не претставуваат закана за безбедноста, туку само да констатира и да пријави, раскажува Иво Босилков од “Петоци за иднината”