Зголемена потрошувачка во маркетите, нема маски и средства за дезинфекција

0

Зголемена потрошувачка на производи по првиот потврден случај на кронавирус во земјава. Од големите ланци на маркети велат дека вчера во попладневните часови граѓаните масовно купувале храна и средства за хигиена. Утринава состојабата се нормализирала.

Зголеманата побарувачка на маски, гелови за раце и алкохол за дезинфекција, пак, ги остави аптеките без овие производи. На некои продажни места за два часа се трошеле и до 400 тини дезинфексицки средства за раце или целата количина што ја имале на залиха

За дел од граѓаните паничниот шопинг и празнењето на рафтовите е непотребен.

На социјалните мрежи граѓаните споделуваат фискални сметки, за кои корисниците велат дека сведочат оти цената за една хируршка маска е зголемена од 4 на 15 денари.