Земала па вратила 260 илјади евра, ама водителката Лила Стојановска данок не платила

Нереализираниот проект за изградба на домови за млади луѓе и донесе кривична пријава на водителката и доскорешна пријателка на Боки 13. Лила Стојановска е осомничена дека затајувала данок. Фирмата Дан Мак преку банкарски трансакции во летото 2017 и уплатила 260 илјади евра. Парите биле за идејата на Лила за домовите, која ветила дека за нивна изградба ќе обезбеди донација од Европската Унија од 3.580.000 евра. Немало ни донација, ни реализација па сопствениците на Дан Мак пријавиле. Сега финансиската полиција ја товари за затајување данок од околу 29 илјади евра.

Расположивите парични средства како остварен приход пријавената Л.С. ги подигнала во целост во готово за себе лично, при што без да ги пријави во Годишната даночна пријава за 2017 година до Управата за јавни приходи, не пресметала и не уплатила Персонален данок на доход во висина од 1.788.398 денари, за кој износ го оштетила Буџетот на Република Северна Македонија, велат од УЈП.