Судијата на Дудуш и Латас избран за во апелација, предметот “Тотал” пред четврто враќање на почеток?

0
90

Од предметите за Изгрев (за злоупотреби струшкиот хотел), Метaстаза (за инвалидските пензии) и Шпион (за оддавање на информации на странски разузанавачи) до Тотал против Латас но и предметот против градочачалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш кому му даде опомена. Ова се дел од познатите предмети на судијата Ѓоко Ристов кој два пати се кандидираше за претседател на Кривичен, против Панчевски и Џолев а денеска судски совет го избра за во Апелација. Со него во повисокиот суд оди и судијката Лидија Зимбовска која му пресуди на бизнисменот Кочан во Труст , судеше и на фризерката за измама со продажба на станови и убиството на Козјак. Како трет кривичар во апелација од судскиот совет го избра Јусуф Ајрулаи судија од кумановскиот суд кој бил префлеен во скоје да работи прекршоци.

Зимбовска Ристов и Ајрулаи беа на 10-то, 14-то и 5- то место на ранг листите. Потребниот минумум од 10 гласа не го добија судиите од кривичен Огнен Ставрев и Осман Шабани од ТНТ Титаник Монструм и Талир, Александра Ристевска од Тортура, Габриела Гајдова од велешкиот суд која му суди на екс претседателот на Кривичен Панчевски, Оља Ристова од советот што го оценуваше обивнението за организаторите на 27-ми април.