Инциденти на грчко-турската граница, тензично и на Лезбос и Хиос

Одлуката на Турција да ги отвори границите за мигрантите предизвикаа проблеми во Грција, како на копнениот граничен премин кај Еврос, каде што се собрани илјадници бегалци и мигранти, така и на островите во близина на турското крајбрежје, каде што и покрај студеното време пристигнуваат пластични и гумени чамци, јави дописничката на МИА од Атина.

Ситуацијата е особено тензична на „Кастањес“, на грчко – турската граница кај Еврос, каде што со прекини, и во текот на ноќта, но и денеска се случија инциденти и обиди за влез во Грција.