Ким Јонг Ун повеќе од две недели не се појавува во јавноста: Отсуство поради страв од коронавирусот?

Лидерот на Северна Кореја, Ким Јонг Ун, повеќе од две недели отсуствува од јавниот живот, поради стравувањата од ширење на коронавирус, иако во Северна Кореја не се пријавени случаи на инфекција, јавува јужнокорејската агенција Јонхап.

Ким последен пат беше видена во јавноста на прославата на Лунарната Нова Година на 25-ти јануари.

За разлика од претходните времиња, оваа година Ким воопшто не присуствуваше на одбележување на 72-годишнината од формирањето на војската, што е еден од најголемите празници во земјата.

Јонхап изјави дека не е познато зошто Ким нема активности во јавност, но дека неговото отсуство може да има врска со загриженоста за коронавирусите.