Креаторот на „Јавна соба“ заврши во огласник купи-продај

Околу 200.000 членови на интернет-огласник ги гледаат фотографијата, името, презимето и другите лични податоци на еден од осомничените во скандалот „Јавна соба“ на „Телеграм“. Експертите апелираат да се почитува презумпцијата на невиност и да се остави институциите да ја истераат правдата.

Додека полицијата утврдува што имало во телефоните на двајцата скопјани што ја отвориле и менаџирале групата „Јавна соба“ на „Телеграм“, фотографијата на едниот од нив наголемо циркулира во интернет-огласници со по 200.000 членови на социјалните мрежи. На тапет се изложени населбата од која потекнува, местото на кое наводно работи и податоци за неговиот семеен живот.