Македонија ќе се турка на шалтер кај „Веридос“, преку ред да ни ги испечати пасошите!

Владата ги разгледува можните решенија на „пасошката криза“ што настана откако Министерството за внатрешни работи остана без обрасци за издавање пасоши, но и за други документи. Според техничкиот премиер Оливер Спасовски едно од решенијата би било фирмата добавувач што е можно поврзо да ги испорача обрасците.

„Во разговор со фирмата којашто е добавувач тоа да го направи што е можно побрзо и на начин којшто ќе може да допринесе целата оваа работа да се преброди во целиот овој период. Тоа мора да биде заедно проследено, со менаџирање на состојбите внатре за да може тоа да биде правилно распоредено“, рече техничкиот премиер Спасовски.