Села: Нема услови за предизборна коалиција со партии од македонскиот политички блок

0
99

Лидерот на партијата Алијанса за Албанците, Зијадин Села, после потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со Алтернатива, запрашан за евентуална коалиција со некоја од партиите од македонскиот политички блок рече:

„Нашето мото за изборите ќе биде – Држава за сите. Сѐ додека во Македонија немаме држава за сите, сѐ додека институции од ЕУ кажуваат дека постои дискриминација од етнички план во Македонија, мислам дека уште не се создадени услови за да имаме такви предизборни коалиции“, рече Села.