Мицкоски: По 12 април ќе следи одговорност за сето ова што се случуваше

0
93

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски попладнево на прес-конференција изјави дека ќе ги преземат сите правни и законски чекори што им стојат на располагање за да го оспорат пред надлежните институции денешното донесување на законите во Собранието.

– Ова што денеска се случи е сè, само не правда. Сето ова е спротивно на процедурите, на Деловникот на работа на Парламентот, има основано сомневање за контрадикторности со Уставот. Донесен е закон, кој што не е донесен и закон којшто не треба да влезе во правниот систем во државата, рече Мицкоски, додавајќи дека по 12 април ќе следи одговорност за сето она што се случувало во изминатиот период.

Го повика претседателот Стево Пендаровски да не ги потпишува законите поради правни недоследности бидејќи во спротивно, како што рече, ќе биде соучесник.

Според Мицкоски, денес завршува најсрамната и најкриминалната епизода во поновата македонска историја и СДСМ мора да замине од власта поради неисполнетите ветувања, криминал, корупција….