Нов 41 случаj на болни со коронавирусот на крузерот во Јокохама, каде има и тројца македонски државјани

Нови 41 случаи на болни од коронавирусот на бродот, кој е под карантин покрај брегот на Јапонија, со што вкупно досега се регистирани 61 случај . На овој брод, според информациите на министерството за надворешни работи, се наоѓаат и тројца македонски граѓани.

Вкупно 3 700 луѓе, патници и членови на екипажот, се превезуваат со крузерот кој најмалку 2 недели ќе биде под карантин во Јокохама.

Проверките на бродот започнаа откако еден 80 годишен жител на Хонг Конг, кој минатиот месец патувал со бродот, се разболел од коронавирусот.