Одложен почетокот на судењето за „организаторите на 27 април“

Почетокот на судскиот процес против обвинетите за организирање на настаните на 27 април 2017 година пред Собранието, закажан за денеска, се одложи за 26 февруари на барање на одбраната. Како што беше образложено, одбраната немала можност да направи увид во сите докази на Обвинителството, кои биле дел од претходно судење поврзано за настаните од 27 април.

Инаку, обвинетите – поранешниот претседател на Собранието, Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски, Миле Јанакиески и за образование, Спиро Ристовски, како и бившиот директор на УБК, Владимир Атанасовски, утрово дојдоа во Основниот кривичен суд во Скопје и седнаа на обвинителна клупа. Обвинението ги товари за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста. Вељановски во судот пристигна сам, додека другите обвинети дојдоа во придружба на полицијата бидејќи се наоѓаат во домашен притвор.