Операторите не задоволни од новиот закон – ќе се прекине реемитувањето на ТВ канали, ќе гледате само МРТВ

Операторите се незадоволни од последните направени измени врз законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Здружението на информатичко-комуникациски технологии, во кое членуваат сите опeратори, одлучи да прекине со реемитување на сите домашни и странски ТВ канали, освен каналите на јавниот сервис МРТВ.

Од АВМУ велат дека измените на законот се разочарувачки и несоодветни, додаваат дека ова сериозно може да наштети на изборите.

Министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски пак апелира проблемот да не се префрла на сметка на граѓаните, особено во предизборен период, повика да се најде заедничко решение со седнување на маса и решавање на проблемот.

Корисниците на услугите веќе започнаа да реагираат по социјалните медиуми за оваа одлука, а најповеќе за тоа што вечерва најверојатно нема да може да се гледа Лига на шампиони на телевизиски приемник.

Извор Тв21