Пак не дојдоа сведоците на Боки 13, Панделески бил на службено патување

Сведоците кои ги предложи обвинетиот во “Рекет”, Бојан Јовановски, не дојдоа на денешното рочиште.

Судот констатираше фека не се присутни сведоците Дејан Панделевски кој не бил пронајден на адресата, па поканата била доставена на работното место. Од тами известиле дека Панделевски е на службено патување. За вториот сведок немало уредна покана.

Следното рочиште е на 3 март и на него се поканети да сведочат Алекс Кртов, Сергеј Варошлија, Марија Јанковски, Дејан Панделевски и Лидија Јаневска.