СЕ ПОВЕЌЕ СКЕНИРАНИ СМЕТКИ: Исплата во тек, 9,1 милиони денари доделени како награди преку МојДДВ

Од 190 илјади корисници во играта МојДДВ #МојаНаграда речиси 640 добиле парична награда а вкупната сума на додели награди изнесува 9,1 милиони денари.

Ова стана јасно од соопштението на Министерството за финансии од каде потенцираат дека бројот на скенирани сметки пред и после стартот на наградната игра е удвоен или од 266 икјади скенирани сметки, тој број скокнал на 518 илјади сметки, кој пак во последниот месец изнесува над 600 илјади сметки просечно во текот на еде ден.

Во однос на наградите, на дневно ниво се доделуваат по 1000, 2000 и 3000 денари, додека месечно се доделуваат и 15 награди по 100 000 денари.

Следниот месец, на 18 март треба да биде извлечена и првата голема премија од 3 000 0000 денари, а вкупниот број на награди кои допрва треба да се доделат се 3 212.