ФОКУС НА ДЕНОТ: Maкедонија може да влезе во политичка криза, Шилегов објави скандалозни материјали за Дрисла

Земјата влегува во неизвесен период.

Доколку не се распушти Собранието, Македонија ќе влезе во нова криза.

Ова е ставот на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Тој го обвини лидерот на СДСМ Зоран Заев дека бега од избори.

Мицкоски инсистира Собранието да се распушти на 12 февруари.

Техничкиот премиер Оливер Спасовски повика да надвладее разумот и да се донесе Законот за јавно обвинителство.

Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов објави скандалозни материјали дека во Дрисла се носел медицински отпад кој не бил соодветно термички обработен.

„Пред две недели ветив овде дека јас лично и Градот Скопје по преземањето на Дрисла од 20 јануари стоиме позади законитото работење на оваа депонија. Нема да има компромиси за потенцијалните опасности за здравјето на луѓето“, рече Шилегов.