ВМРО ДПМНЕ бара денеска да се распушти Собранието

0
90

ВМРО ДПМНЕ побара од претседателот на Собранието, Талат Џафери да свика итна седница за распуштање на парламентот.

Од опозициската партија тврдат дека остануваат на барањето парламентот да се распушти на 12-ти февруари, и не ја коментираат најавата на Џафери дека постои можност тоа да се случи на 16-ти февруари. За да биде усвоен предлогот за распуштање на парламентот, потребни се најмалку 61 глас.