ВМРО ДПМНЕ преговара со повеќе политички партии за коалиција

0
90

ВМРО ДПМНЕ преговара со повеќе политички партии за коалиција пред и после изборите, не исклучувајќи ги и партиите на Албанците. На прашањето за негирањето од Движењето БЕСА за преговори со ВМРО ДШМНЕ, лидерот на партијата Христијан Мицковски го повтори ставот на неговиот партиски секретар Игор Јанушев.

Генералниот секретар на движењето БЕСА, Арјанит Хоџа, во емисијата „360 степени“ на Алсат, го отфрли тврдењето на Јанушев.

Арјанит Хоџа, движење БЕСА

„Не може да има одговор со можеби или не. Или има или нема преговори. Можам да кажам со целосна одговорност дека нема предизборни преговори за коалиција помеѓу Движењето БЕСА и ВМРО ДПМНЕ и во оваа фаза со реториката изразена од ВМРО ДПМНЕ, несериозен е таквиот потег или објавување на вест или спин…

ДПА потврди дека е во преговори со НДП на Весел Мемеди и со СДСМ. Но, ДПА тврди дека со СДСМ можностите за коалиција се мали, бидејќи партијата на Тачи има услови што следната влада не може да ги исполни. ДПА вели дека коалицијата со Движење БЕСА не може да се постигне бидејќи не ја сметаат за сериозна партија.

Фатмире Исаку, ДПА

„Верувам дека претседателот ви дал изјава претходно. Во моментов немаме ништо сериозно“.

ДУИ, прашана дали се плаши дали ќе дел од Владата, тврдат дека граѓаните ќе одлучат дали ДУИ ќе биде во Владата или не.

Крешник Бектеши, ДУИ

„ДУИ не прави претходни партнерства. ДУИ е во партнерство само со граѓаните на Северна Македонија, особено со граѓаните Албанци. И токму граѓаните се тие што ќе одлучат за иднината на ДУИ. Ние сме убедени и тоа го покажуваат и разните анкети и истражувања дека ДУИ нема конкуренција, особено во албанскиот политички спектар во РСМ.“

Додека има разни кокетирања за коалиции од партиите пред официјалниот почеток на изборната кампања, од ДИК ги потсетија партиите дека медиумската кампања е финансирана од државниот буџет, така што партиите не треба да дозволуваат црна, туку фер и демократска кампања.

Извор Алсат