ВОЗИЛОТО СЕ ЛИЗГАЛО НА КРОВ 50 МЕТРИ па се преврте: Незгода во скопски Аеродром

0
81

Сообраќајна незгода се случи синоќа кај Трговскиот центар Бисер во скопската населба Аеродром.

Оваа информација ја пренесоа дел од медиумите, а засега не е познато чиј автомобил се лизгал скоро 50 метри на кров.

Како што е познато возачот бил сам во автомобилот и немал посериозни повреди.

Информациите велат дека автомобилот веројатно бил управуван со поголема брзина при што удрило во столб покрај улицата кај „бисер“ и се превртел на кров.