ГА-МА влезе во капиталните инвестиции иако договорот не е усвоен

0
87

Незавршенатa трансакција помеѓу државата и ГА-МА сѐ уште е дел од фалбите на Владата за реализацијата на капиталните инвестиции во висина од 78 проценти за претходната година. Парите сеуште не се префрлени на компанијата, туку стојат на наменска сметка во Националните енергетски ресурси. Министeрката за финансии Нина Ангеловска тврди дека со префрлање на парите од трезорот практично може да се смета дека капиталните расходи се реализирани иако процесот сеуште не е завршен

„Средствата се процесирани преку трезорот и лежат на посебна наменска сметка во НЕР и во однос на тоа дали се реализирани тоа не во надлежност на Министерството за финансии. Владата донесе одлука и средствата преку трезорот се префрлени. Дали ќе успее реализацијата да се изврши во рамки на овој месец два, таму се одредени средствата за да се реши спорот со цел да се префрлат и да се реализира ова прашање“, рече министерката Ангеловска.

Лидерот на ВМРО -ДПМНЕ, Христијан Мицковски, во неколку наврати посочи дека со самиот факт што процесот не е завршен, билансот од капитални инвестици е реално помал.