Се зголемуваат цените на горивата

0
100

Цените на ЕУРОСУПЕР БС-95, ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 0,50 денари/литар, по што малопродажната цена за ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 66,00 денари/литар, а пак за ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 68,00 денaри/литaр, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 58,00 денaри/литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,246 денари и ќе изнесува 33,140 денари за килограм, додека пак малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕП-1) од ноќеска ќе изнесува 46,50 денари.