Двајца бугарски државјани во Битола во домашна изолација

0
80

Министерот за здравство Венко Филипче во денешната изјава за медиумите рече дека двајца бугарски државјави коишто се на работа во битолска фирма се јавени вчера и самите кажуваат дека биле во регионот на Северна Италија.

Како што вели Филипче направено е интервју од страна на епидемиолог, дадени им се совети да бидат дома, и дадени им се телефоните на коишто треба да се јават доколку им се појават симптоми, со цел да не се движат низ јавно-здравствените институции.

„Задолжителна домашна изолација им е препорачана и на двајцата бугарски државјани кои службено престојуваат во нашата земја и кои во критичниот период биле во регионите на Северна Италија, но според нивните искази, немале директен контакт со заболени“ вели Филипче.