Д-р Караџовски: Екипата која ја пренесувала пациентката заразена со коронавирус до клиниката била со заштитна опрема од глава до пети

0
91

Имаме спремна екипа со заштитна опрема од глава до пети како во Кина. Екипата која беше испратена од наша страна да земе анкета, беа влезени и опремени со комплетна опрема за заштита од коронавирус. Лицата коишто ги примаат овие болни, влегуваат во посебен влез во клиниката. Се сместуваат низ посебни патеки за движење. На инфективна клиника не може кој како сака да шета. Лицето било спроведено во комплетна заштита и опрема. Во моментов е на интензивна нега со будно следење на докторите, кажа епидемиологот д-р Жарко Караџовски на денешната прес-конференција во Владата.

„Инфективната клиника и интензивна нега значи изолација од останатите кревети и останатите пациенти. Жената е свесна и дише нормално.