ЕУ се поблиску до консензус за Македонија, сега проблем е пакетот со Албанија!?

0
117

Претседавачот со Унијата, Пленковиќ, појаснува дека целта на Европската Комисија е преговорите со двете земји да се отворат уште во март, дека е најважно што Макрон сериозно го омекнал ставот, но оти во моментов се уште е нејасен ставот на непредвидливите Холандија и Данска.

-Ако немаше промена на методологијата, позицијата на Франција немаше да се промени. Многу поважно е дека Франција ја промени позицијата, дека претседателот Макрон даде јасен сигнал во Минхен и тоа е она што е најважно. Сега треба уште на еден фин начин да ги убедиме овие две земји (Холандија и Данска), кои имаа резерви во октомври., изјави Андреј Пленковиќ, премиер на Хрватска.

А, токму Холандија и Данска беа земјите, кои имаа умерени ставови кон Македонија, а изрично се противеа Албанија да ги почне преговорите. Дека инсистирањето на Брисел, Скопје и Тирана да ги вреднува заеднички може да биде проблематично за Македонија, потврдува и последниот став на холандскиот амбасадор во земјава, Дирк Јан Коп. Тој појаснува дека Холандија земјите ги проценува индивидуално и дека во моментов гледаат простор за Македонија, но не и за Албанија да ги почне преговорите. Сепак, она што е клучно во моментов е каков извештај за напредокот ќе добијат двете земји во наредните недели. Во таа насока, Брисел вчера експресно го поздрави носењето на Законот за обвинителство.