Законот за ЈО помина, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за криминално гласање

0
74

Во тензична атмосфера при повторено гласање со 80 гласа „за“ и шест гласа „против“, пратениците го изгласаа законот за завно обвинителство. При првичното гласање беа регистрирани 74 гласа „за“ и 32 против. Претседателот на Собранието, Талат Џафери, го поништи гласањето поради барањето на пратеничката Лилјана Поповска да зборува процедурално, но и поради тоа што дел од пратениците се пожалија дека не им било евидентирано гласањето. Затоа тој побара од службите да му донесат документ за тоа како гласале пратениците.

Веднаш по гласањето, процедурално се јави кординаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, кој извика „криминалци, криминалци!“.

Тој рече дека побарал процедурално обраќање додека траеше процедуралното обраќање на пратеникот Ферид Мухиќ, но дека Џафери не му дозволил да се обрати.