Името го продадоа на Грците, Гоце Делчев на Бугарите – владејачката СДСМ молчи на провокациите на Каракачанов

0
84

Гоце Делчев дошол од Кукуш и учел во бугарското воено училиште. Нема потреба од спор, има потреба од читање и културен дијалог, а не политички расправии. Политичарите можат да се караат уште 200 години, од тоа никој не добива, напротив, губат граѓаните на Македонија – кажа бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Каракачанов среде Битола.

Ги разлути граѓаните, но не и македонските власти. Два дена тие молчат. Никој не реагира на изјавата на бугарскиот министер кој тка, во нашата земја ни кажа дека Гоце Делчев бил Бугарин. Нема никаква реакција од Оливер Спасовски, кој е премиер во техничката Влада пред предвремените избори закажани за април. Молчи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров. Дали го продадовме Гоце Делчев, како што го продадовме нашето име, нашиот идентитет?! Македонија на Грците, Гоце Делчев на Бугарите. Се плашат ли да реагираат затоа што одамна се откажале од името на македонскиот револуционер?! Политиките на СДСМ донесоа погазено достоинство, порази и понижувања. Тоа се покажа и со молкот по провокацијата од Бугарија, во период кога Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања го решава ова прашање.