Николовски за МИА: Работна група, во која ќе има и надворешни експерти ќе состави ранг листа на кандидати за пратеници, конечната одлука на Конгрес

0
83

Работна група во која ќе бидат вклучени и надворешни експерти од различни области ќе состави ранг листа на кандидати за пратеници од редовите на СДСМ, по претходно строго утвдени критериуми од страна на партиското раководство. Конечната одлука за тоа кој од партијата ќе биде на листата пратеници, ќе биде донесена на Конгрес.

Ова во интервјуто за МИА го потенцира генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, кој истакна дека веќе се почнати постапките за избор на кандидати за пратеници, напоменувајќи дека имањата на кандидатите ќе стигнуваат од базата, од месните и општинските одбори, од Извршниот одбор и Градската организација, но постои и можност и за самокандидирање.