Лажна вест: Гренел негира дека САД се за размена на територии меѓу Србија и Косово

0
141

Специјалниот претставник на Претседателот на САД, Ричард Гренел, денеска негираше дека Соединетите американски држави се отворени за размена на територии на Србија и Косово.

„Лажни вести“, напиша Гренел на својот профил на Твитер, коментирајќи за написот објавен вчера од ЕУобсервер. Одговарајќи директно на твитот, за написот на редакциите, Гренел им рече дека тие никогаш не го повикале ниту го прашале да одговори на овие прашања.

„Јас сум за тоа што се согласуваат страните во дијалогот. Јас сум фокусиран на економскиот развој, а не на политиката“, заклучи Гренел.

ЕУобсервер вчера објави напис под наслов „САД сè уште отворени за размена на територии на Косово и Србија“, и истакна дека Германија се спротивставува на идејата.