Медена земја не освои Оскар

0
97

Јужнокорејскиот филм „Паразит“, кој заедно со македонскиот „Медена земја“ беше на списокот за Оскар за најдобар странски филм, освен во оваа категорија го доби Оскарот и за најдобар филм. Со тоа тој влезе во историјата на „оскарите“ како прв филм од неанглиско говорно подрачје кој ја добива наградата. Освен тоа режисерот на овој филм Бонг Џун Хо доби Оскар за најдобар режисер, а филмот кој зборува за поделбите меѓу богатите и сиромашните во Сеул доби Оскар и за најоригинално сценарио

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ на режисерите Тамара Котевска и Љубомир Стефанов не освои Оскар, иако претходно, доби две номинации, за најдобар документарец и за најдобар странски филм. Ова е прв македонски филм со претходни две номинации за Оскар, со што „Медена земја“ испиша историја во македонската кинематографија.