Милошоски утре во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

0
89

Пратеникот од опозициската ВМРО-ДПМНЕ Антонио Милошоски утре во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција треба да ги предаде снимките што вчера ги објави на прес-конференција во врска со поранешниот премиер Зоран Заев.

Милошоски на прес-конференција ја објави втората аудио снимка, во која, како што рече се слуша гласот на Заев, како тој како премиер носел одлуки во име на Врховниот суд и на СЈО и оти бил во дослух со поранешната специјална обвинителка Катица Јанева за сите нејзини одлуки.