Официјалниот влез во НАТО малку побавен од очекувањата на јавноста

0
86

Шефицата на шпанската дипломатија Аранча Гонзалес Лаја изјави дека нејзината земја ќе го поддржи отпочнувањето на преговорите за членство на Северна Македонија во ЕУ на состанокот на Европскиот совет во март.

Министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека е дури и засрамувачки, да и се каже повторно не на Северна Македонија со новата методологија.

Тој додаде дека ратификацијата на протоколот за НАТО ќе се оддолжи малку повеќе од првичните очекувања.

-МНР Гонзалес на првиот ден како министер го доставила пристапниот протокол за членството на Северна Македонија во НАТО до шпанската влада. Утре протоколот е пред Комитетот за надворешни работи, а идната недела ќе биде на пленарна седница. Потоа постапката ќе продолжи во Сенатот. Се очекува дека ратификацијата ќе се заврши најдоцна до крајот на март“, објави Димитров на Фејсбук.