Патникот кој на 22 февруари се вратил од Италија нема коронавирус

0
88

По извршените анализи утврдено е дека патникот кој од Италија се вратил во Струмица на 22 февруари и пријавил дека има покачена температура нема коронавирус, соопшти министерот за здравство, Венко Филипче.

„Пациентот за кој зборувавме утрово има негативни резултати“, соопшти Филипче.

Тој информира дека состојбата на пациентката со коронавирус е стабилна.