Ратификација на влезот во НАТО

0
88

Пратениците денеска ќе го ратификуваат Северноатлантскиот договор, но овој документ е со одложено дејство, односно ќе има важност откако и последната земја членка на Алијансата ќе го стори тоа. Останува уште Шпанија да го ратификува протоколот и Македонија да стане 30 земја членка на НАТО. Гласањето за овој договор со одложено дејство е затоа што Собранието треба да се распушти пред одржувањето на предвремените парламентарни избори предвидени за 12 април.

Се очекува партиите едногласно да го ратификуваат договорот, оти и опозицијата се изјасни дека го поддржува влезот во Северноатлантскиот Сојуз. За ратификацијата во македонскиот парламент потребно е обично мнозинство. ВМРО-ДПМНЕ први ја пласираа идејата за предвремена ратификација, повикувајќи се на искуствата на Црна Гора. Во 2017 Црна Гора предвремено го ратификуваше договорот за нејзино членство во НАТО, пред договорот да го усвојат Холандија и Шпанија.