Само 19.600 административци ќе добиваат К-15 од минимум 9.000 денари

0
86

За денес е најавено потпишувањето на Гранскиот колективен договор за јавната администрација. Со потпишувањето на овој договор на дел од вработените во државниот сектор освен право на регрес за годишен одмор ќе им следува и право на дневници кога патуваат во земјава и во странство, а исто така ќе имаат и повеќе денови за одредени платени отсуства.

Со овој грански договор ќе бидат опфатени 19.600 вработени во државната администрација, односно вработени во министерствата, судовите, обвинителствата, државното правобранителство, казнено-поправните и воспитувачко-поправните установи, центрите за социјална работа, вработените во општините, во Град Скопје, јавните установи формирани од Владата и во другите органи основани од Собранието.