Газета Експрес: Голем удар врз Курти-Блокирани американските инвестиции

САД ќе ја стопираат инвестицијата вредна 200 милиони евра, што би бил прв удар за владата на Албин Курти по одбивањето да ги укине даноците на производите од БиХ и Србија, јавува приштинскиот весник „Експрес“.

Весникот пренесува дека шефот на програмата на „Miilenium Challenge Corporation“ (МЧЦ), Шон Каирнкрос денес преку телефон го известил Курти за одлуката на Вашингтон.

„Косово повеќе не може да смета на 50 милиони евра на МЧЦ, како и на останатите 150 милиони евра во проектот за гас, кој беа планирани да се инвестираат во Косово“, вели изворот на Експрес.