Коронавирус се појави и на грчкиот остров Лезбос, преполн со мигранти

0
123

Грчкото Министерство за здравство денеска забележа 11 нови случаи на коронавирус и сега се заразени 84 лица, меѓу кои и тројца странци, но не ја прецизираа нивната националност или не го спомнаа случајот во Лезбос.

Според министерството, 27 лица биле хоспитализирани, а 57 биле изолирани на домашна нега.

Повеќето се од групата аџии кои патувале со автобус до Израел и Египет. Четириесетгодишната житерлка на Лезбос неодамна отпатувала за Израел, но не во групата, јавуваат грчките медиуми.

Таа е во изолација од вчера, а нејзините деца денеска не оделе на училиште, јави државната телевизија ЕРТ.

Грчките власти изразија загриженост во врска со можноста за ширење епидемија на островите на кои има илјадници мигранти.