Две момчиња загинаа во сообраќајка во Кавадарци

Две момчиња од кавадаречко загинаа во сообраќајна незгода што се случила вчера на крстосница во Кавадарци. Како што се наведува во полицискиот билтен, загинатите момчиња, на возраст од 26 и 29 години, биле на мотоцикл со кој се судриле со моторно возило на крстосницата од ул.„Северен булевар“ и ул.„Никола Минчев“.

Момчињата биле итно пренесени на Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што им подлегнале на повредите.