До недела сите во Њујорк ќе треба да работат од дома

ВАШИНГТОН —

Гувернерот на Њујорк Ендрју Куомо, нареди сите вработени во несуштинските бизниси да се префрлат да работат од дома најдоцна до недела, во обид да се спречи ширењето на вирусот.

„Ова не е на волонтерска база. Ќе вршиме мониторинг. Ќе има казни и задолжително затворање на бизнисите кои нема да ја почитуваат наредбата“, рече Куомо.

Њујорк на почетокот на неделата нареди вработените да се намалат за 50 отсто, вчера овој процент достигна до 75, а според денешната наредба, сите вработени ќе треба да работат од дома.

Оваа рестрикција не се однесува за неопходните бизниси, како аптеки, супермаркети и тра нспорт.