Европската Комисија препорача отворање на преговорите со Македонија и Албанија

0
95

Во извештајот за Македонија, Европската Комисија наведува дека земјата постигнала значителни резултати во клучни области. Комисијата исто така наведува дека ја повторува препораката до Европскиот совет да почне преговори за членство со двете држави.Извештајот заедно со новата методологија за проширување на ЕУ се очекува да биде разгледан на самитот на Европската Комисија овој месец и е фокусиран во судските реформи, борбата против корупцијата, реформите во безбедносните служби и јавната администрација.

Во однос на судските реформи, Комисијата нотира дека се преземени сериозни чекори за јакнење на независноста на судството, во согласност со меѓународните стандарди и добрите практики. Се наведува дека во дијалог со Европската Комисија земјата усвои и измени важни закони како: Законот за јавно обвинителство, Кривичниот закон, Законот за судството, Законот за Судскиот совет, Законот за Обвинители и други.