Женско рели по повод Меѓународниот ден на жената

По повод Меѓународниот ден на жената – 8 Март, автомобилистичката федерација на Македонија (АФМ) и клубовите членки на АФМ во сабота ќе го организираат популарното „Женско рели 2020″.

Како што наведуваат организаторите, првиот екипаж ќе почне во 10:30 часот од Спортскиот центар „Борис Трајковски” во Скопје. Учеството за сите екипажи е бесплатно, но ќе учествуваат со сопствено возило.

-Релито ќе се состои од два етапи. Првата етапа е возење по патна книга со зададено максимално време и задолжително поминување на контролни точки низ улиците во Скопје. Втората етапа е брзински испит во вешто возење т.н. гимкана кој ќе се одржи кај Спортскиот центар Борис Трајковски во Скопје, соопшти АФМ.