„Марка“ јавува за хуман потег на Роналдо: Португалецот сите свои хотели во родната земја ги преправа во болници поради коронавирусот

0
84

Коронавирусот зема се поголем замав во светот, па редовно се воведуваат мерки кои одат во насока за спречување на ширење на истиот.

Многумина се во изолација, меѓу нив е и Кристијано Роналдо кој во моментов е во родната Мадеира.

Колумбиското издание на „Марка“ пренесува вест поврзана токму со португалската супер ѕвезда. Наводно, Роналдо дал согласност неговите хотели во Португалија да бидат претворени во привремени хотели во кои би се згрижувале заразени лица од коронавирусот.

Според истиот извор, Роналдо се согласил и да ги плаќа платите на вработените и докторите, а ќе го плател и целиот потребен болнички материјал за да се опремат хотелите.