Меси донираше еден милион евра за борбата против коронавирусот

И Лео Меси донираше голема сума во битката против вирусот кој го тресе целиот свет.

Според „Мундо Депортиво“, донацијата на Меси ќе биде поделена меѓу болници во Барселона и во Аргентина.

Претходно и Пеп Гвардиола донираше еден милион евра за опремување на болниците во Барселона.

Шпанија е една од најпогодените земји од коронавирусот со преку 42.000 случаи и речиси 3.000 мртви. Аргентина засега има нешто помалку од 400 случаи и шест мртви.