Писмо на Мицкоски до власта: Прифатете ги нашите мерки, ќе ви ја отстапам славата

Во отвореното писмо, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ предлага полицискиот час да трае од 18 часот, да се зголеми бројот на тестирања за коронавирус и тестовите да бидат бесплатни, функционерите да се откажат од привилегиите, државата да покрие 50% од сите трошоци за вработените, плати и придонеси, да се замрзнат плаќањата на рати кон банките и заемодавателите

„Ова отворено писмо будење на свеста значи подадена рака до власта со кое сакам да потенцирам дека во нас имате пријател, а заедничкиот непријател кој мора да го победиме е пандемијата која одзема животи“, се вели во писмото кое утрово до медиумите го испрати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, а кое се однесува на состојбата со коронавирусот во земјавата, истакнувајќи дека „ова не смее да биде битка на луда храброст без мудрост, туку на мудро употребена храброст за да се победи заедничкиот предизвик со кој се соочуваме“.

„Сосема совесно и разумно како човек, но и како лидер на ВМРО-ДПМНЕ имам колективна одговорност да посочам на работите кои мора да бидат подобри, зошто ако не се, тогаш ќе губиме животи. Стравот кај мене е поради тоа што имаме сериозни слабости во системот кој мора да си признаеме дека потфрла во време кога мора хируршки прецизно да функционира“,

вели Мицкоски во писмото.

Извор 360степени