Првиот тест покажал дека Меркел е негативна на корона вирусот, ќе се прават уште тестови

Откако вчера излезе информација дека германската канцеларка Ангела Меркел заврши во карантин, затоа што контактирала со лекар позитивен со корона вирус, денеска таа била тестирана.

Според германските медиуми, првиот тест покажал дека Меркел е негативна на опасниот корона вирус, но во текот на неделата ќе и бидат направени уште два теста.