Битолчанка го уценувала со 20 000 евра поранешниот љубовник , ОЈО бара притвор

0
83

Во периодот од 15 јануари до 11 март, осомничената со намера да се стекне со противправна имотна корист, во повеќе наврати му се јавувала на оштетениот со кого претходно била во љубовна врска, барајќи парични средства во висина од 20.000 евра. Таа го уценувала оштетениот дека доколку не и ги даде парите ќе испрати компромитирачки фотографии од него на неговото семејство и ќе ги објави на социјалните мрежи со цел да ги наруши неговите чест и углед. Продолжувајќи со истите закани и уцени, на 10 март 2020 година, осомничената го контактирала оштетениот преку апликациите Viber и WhatsApp, при што побарала од него да и исплати 13.000 евра, намалувајќи ја сумата за 7.000 евра. Откако оштетениот не се согласил, осомничената испратила компромитирачка фотографија на мобилниот телефон на неговата сопруга. Потоа му се јавила на оштетениот и побарала од него следниот ден, на 11 март во 14:00 часот, да и донесе 1200 евра во хотел во Скопје, а остатокот од побараните 13.000 евра да и бидат исплатени до крајот на неделата. Осомничентата се заканила на оштетениот дека доколку не и донесе пари, фотографиите овојпат ќе ги испрати на неговото дете и ќе ги објави на социјалните мрежи.

По пријава од оштетениот, обвинителството во соработка со полицијата презеде оперативно технички мерки со цел документирање на настанот. На договорената средба на 11 март во 14:00 часот, осомничената од оштетениот ги зела паричните средства – претходно крим-технички обработени од ЕУМНА при СВР Скопје, по што полициските службеници ја лишиле од слобода.