Бугарија: Банско е под целосна блокада и карантин

0
132

Бугарскиот зимски центар Банско е под карантин и блокада, јави Бгнес. Тоа се случува по одлуката на Оперативниот штаб за борба со новиот коронавирус.

На вонредниот брифинг во Советот на министри, генерал-мајор Венцислав Мутафчиски објави дека вкупниот број на заразени достигнал 81 лице. Три од нив се од градот Банско. Тие се луѓе кои се занимаваат со активности поврзани со туризмот.

„Националниот оперативен штаб предлага Владата да преземе посилни мерки за градот Банско. Причината е што во градот се регистрирани три случаи на заразени со новиот коронавирус и зимските одморалишта се исклучително опасно место за ширење на заразата“, нагласи Мутафчиски

„Во Банско постои загрижувачки тренд на зголемување на заразата, рече тој.