Во градскиот и реонскиот пазар е забрането секакво влегување на возила

0
78

Согласно мерките за превенција и спречување на ширењето на вирусот КОВИД 19 и вонредната состојба во државата, ЈП „Пазари“ Битола со нови мерки.

Се известуваат корисниците на тезги во градски, реонски пазар и магацините за овошје и зеленчук што ги снабдуваат тезгите:

– Возилата кои вршат дотур на производи за пазарот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да одат на површината кај полигонот, што се наоѓа на влезот на Битола од страна на Прилеп, кај трафостаницата за дезинфекција на возилата. Вработени од ЈП Пазари на полигонот ќе има секој работен ден од понеделник до петок од 06 до 14ч.

– Доколку имате потреба за пристигнување со возило надвор од наведеното време ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се јавите на тел 070-295-223.

– Во градскиот и реонскиот пазар е забрането секакво влегување на возила. Дотурот на производи да се извршува само со колички.

– Стоката на тезгите, согласно пазарниот ред, по затворањето на пазарот да биде отстранета од тезгите.

За времето на дезинфицирање и чистење на пазарите, вработените од ЈП Пазари, додека траат мерките за превенција и спречување на ширењето на КОВИД 19 вирусот, ги известуваат тезгаџиите за времето за затварање на тезгите.

Извор Tv тера