Грција ги затвори границите, казна до 5000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат препораките

0
160

Целосно затворање на границите со Македонија, Албанија и Италија, прекинување на авионскиот превоз со Шпанија, забрана за закотвување на крузери на грчките пристаништа, казна од 5.000 евра за граѓаните кои ќе ги прекршат превентивните мерки, се дел од одлуките донесени на денешниот состанок на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис со министрите во неговиот кабинет, јави дописничката на МИА од Атина.

Освен прекинување на патното, морското и авионското поврзување со Северна Македонија и Албанија, со исклучок на пренесување на стоки и влез во Грција за оние кои имаат грчко државјанство или живеат во земјата, на состанокот, исто така било одлучено да се прекине морскиот сообраќај со Италија, за патници, прекинување на авионското поврзување со Шпанија.