Димитров: Задолжителен карантин за граѓаните кои што се враќаат во земјата, МНР ќе организира хуманитарни летови

0
85

Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денес во Владата на Република Северна Македонија одржа прес-конференција на која информираше за целокупната состојба поврзана со проблемите со кои се соочуваат македонските граѓани затекнати во други држави и мерките и плановите коишто Министерството за надворешни работи и Владата на Република Северна Македонија ги преземаат со цел надминување на овие предизвици.

МНР Димитров: „Како што знаете пред неколку дена МНР упати еден јавен повик, апел до нашите граѓани до нашите државјани коишто се затечени меѓу граници, на аеродроми коишто се затвораат или се откажуваат летови и на коишто им треба помош, поддршка од државата за да си дојдат дома. Направивме еден пресек, бројката варира, дел од луѓето успеваат можеби во меѓувреме се зголемува исто така евиденцијата. Значи зборуваме за бројка од некаде околу 2300 македонски граѓани низ целиот свет. Основната концентрација е на нашиот континент во европските држави.“

Во однос на задолжителниот карантин, МНР Димитров потенцираше:

„Вчера на вечерната владина седница разговаравме за ова прашање и Владата донесе одлуки и заклучоци. Нè задолжи нас како МНР, во соработка со министерството за транспорт и врски да организираме хуманитарни летови за да си ги донесеме граѓаните дома.

Истовремено се формираше едно тело коешто ќе организира задолжителен државен карантин и ќе го зголеми капацитетот на задолжителниот државен карантин.

Извор Тв21