Добри вести од Алкалоид: Дивиденда од 324 денари по акција, 19 отсто повисока од минатата

0
77

Добри вести од една од најуспешните македонски компании. Алкалоид АД соопшти дека ќе исплатува дивиденда за акциите во компанијата за 2019 година во бруто износ од 360 денари или 324 денари нето, по акција. Сумата е за дури 19 отсто повисока од дивидендата која Алкалоид ја исплати за 2018 година.

Компанијата ја извести денеска Македонска берза дека Управниот одбор на друштвото вчера ја донело одлуката за дивидендата. Таа треба да се усвои на седницата на годишното Собрание на акционери кое ќе се одржи на 6 април.

Инаку според предлогот, последен датум на тргување со право на дивиденда е 21 април 2020 година, а датум на стекнување право на дивиденда за 2019 година е 23 април 2020.

Дивидендата ќе биде исплатена во готово на трансакциски сметки на акционерите.